Непознати сторители извршиле тешка кражба во црквата „Свети Димитрија“.
лоцирана на православните гробишта во Тетово. Од МВР информираат дека втора ноќ по ред се случува кражба во црква во Тетовско.

Откако насилно ја отвориле влезната врата, од иконите и делот за свеќи одзеле околу 2000 денари во разни апоени, по што незабележани ја напуштиле црквата.

Неделава ова е трета кражба на верски објект во Тетово. Црквите во тетовските села Копанце во општина Јегуновце и Радиовце во општина Брвеница беа ограбени ноќта меѓу вторникот и средата. Во Копанце во црквата „Свети Никола“ уракдени се 2.500 денари. Во црквата „Свети Атанасија“ во тетовското село Радиовце 1000 денари.

Во сите три објекти се направени и оштетувања поради насилното влегување во внатрешноста.

А.С.