Полицијата затекна гости во пекарница во Гостивар, а сопственикот е приведен.
Според информациите на МВР, утрово во 10.05 часот полициски службеници го привеле И.Е.(48) од село Форино, сопственик на пекарница на улица „Илинденска“, постапувајќи по претходна пријава, дека во локалот има гости кои биле послужувани.
Тој бил приведен во полициска станица и ќе биде поднесена соодветна пријава, а од страна на Државен пазарен инспекторат локалот бил пломбиран.