Полицијата синоќа во 23.45 часот извршила контрола во локал во селото Желино, Тетовско, кој работел спротивно на прописите на Владата донесени за угостителските објекти во време на епидемија.
Во објектот биле затекнати 19 гости и 13 девојки кои ги забавувале. Од девојките, осум биле државјанки на Република Албанија и пет македонски државјанки.
– Сопственикот З.С. и 13-те женски лица биле приведени, а по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави – велат од МВР.
Објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат.