Охридската полиција поднесе кривична пријава против штипјанецот П.С.(30) и П.Т.(41) од Свети Николе поради сомнение за сторено кривично дело „измама“.
Како што информираат од СВР Охрид, пријавените во текот на ноември и декември 2020 година, додека издржувале затворски казни во штипскиот затвор, оствариле контакт со жител од Охрид и доведувајќи го во заблуда ги обезбедиле неговите лични податоци и документи.
Подоцна, со тие податоци подигнале брзи кредити од неколку финансиски друштва, а примопредавањето на парите го вршеле преку посредник.
На тој начин, пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 100.000 денари.