Затворски полицајци доцна синоќа биле нападнати од страна на двајца затвореници во казнено-поправниот дом Идризово.
– На 6 јануари во 08.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 2.30 часот во Казнено-поправниот дом Идризово, додека вршеле рутинска контрола, затворски полицајци биле физички нападнати од затворениците С.С. и К.К.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – велат од МВР во дневниот билтен за овој случај.