Затвореник синоќа нападнал вработен во Казнено-поправната установа „Идризово“, за време на смотра на затворениците, соопшти МВР.
– На 10.12.2020 во 20:53 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 20:45 часот, при смотра на затворениците, А.С.(30) од Кичево, вработен во Казнено-поправна установа ‘Идризово’, бил физички нападнат од затвореникот Х.Б.(28) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот – се наведува во соопштението.