Вработена во Агенцијата за вработување, вчера, во Полициската станица Струга пријавила дека во периодот од 16.30 часот на 10 август до 8.30 часот на 11 август од заталкан куршум било оштетено стакло на една канцеларија.
Куршумот бил пронајден во канцеларијата, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струга.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.