Полицаец е застрелан попладнево во населбата Ѓорче Петров. Имал полесни повреди на ногата и е надвор од животна опасност. Нападот се случил околу 16.40 часот на кружниот тек во близина на црквата „Свети Петар и Павле“.
Полицаецот бил во „мерцедес“ додека напаѓачите од „голф“ стрелале кон него по што избегале. Повредениот имал прострелна рана во ногата и сам заминал во градската болница „8-ми Септември“ каде му е пружена прва помош. На местото на оружениот напад во тек е увид. Засега нема сознанија за идентитетот на напаѓачите и мотивот.