Премиерот Зоран Заев најави брзо утврдување на причините за пожарот во тетовската модуларна болница и изрази сочувство до семејствата на загинатите, во неговата објава на Фејсбук.
– Огромна трагедија се случи во тетовскиот ковид-центар. Експлозија предизвикала пожар. Пожарот е изгаснат, но згаснаа и многу животи. Борбата за живот трае сѐ уште, а сите служби реагираа пожртвувано и спасуваат луѓе. Изразувам најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на починатите и посакувам брзо закрепнување на повредените. Причините за пожарот ќе бидат утврдени, за што правосудните органи се веќе на терен. Ова е навистина трагичен настан и можам да ве уверам дека целиот државен врв е посветен на брзо разрешување на оваа ситуација. Во моментов трае кризниот штаб во Општина Тетово – напиша Заев.