Премиерот Зоран Заев изјави дека очекува истрагата да покаже каде е Игор Спасов, кој е осуден за убиството на Мартин Нешковски.
Заев вели дека институциите постапуваат во согласност со законот.
– Верувам дека истрагата набргу ќе соопшти што се случува, односно каде е Спасов – изјави Заев.
Специјалецот Игор Спасов, од вчера се бара со потерница, која беше објавена на веб-страницата на Министерството за внатрешни работи. Тој е осуден на 14 години затворска казна за убиството на Нешковски, кое се случи на прославата на ВМРО-ДПМНЕ по победата на партламентарните избори во 2011 година. Спасов требаше да се јави во затворот „Идризово“ на 18 октомври.