Правдата е обезбедена и ќе има повеќе и почесто и ќе следува ваков одговор кога некој ќе сака да си игра со правдата, порача премиерот Зоран Заев на прес-конференција.
– Во изминатите 40 часа презедовме редовни и вонредни мерки, со акцијата координирав јас и Сашо Мијалков немаше друга опција освен да се појави. Беа елиминирани сите можности да ја напушти државата. Беа избегнати нови потенцијални ризици – рече Заев.
Тој нагласи дека неговото пријавување не треба да се смета за олеснителна околност и дека не треба да се заборави дека Мијалков прво избега.
– Се организираше да се јави во јавното обвинителство, зошто потрагата траеше, затворени излезите од Скопје и граничните премини. За организирање и помагање се одговара исто, паднаа наредби за спроведување на заплена на имот. На Мериот жолти ленти ќе стававме. Се знаеше каде биле членовите на семејството во време на бегството. Сите имоти на неговото семејство можеа да постапат органите. Денеска чукнавме на маса. Институциите не го најдоа Сашо Мијалков, но нападнаа по блиските, по имотот – додаде премиерот Заев.
– Отворено зборувам, слабостите со постапките се школо за самите институции. Груевски имаше помош од друга држава и азил. Ова не е таков случај. Ние ги блокиравме сите граници. Сите зелени појаси беа исто затворени и со патроли. Ова покажува дека алармот треба да биде дигнат за сите кои имаат кривична одговорност. Еден човек ако сака може да ѝ се крие на полицијата, но семејството ризикува, имотот е во ризик, нека се замисли како ќе постапува. Мојата беше температура 40 степени, не на Сашо Мијалков. Приказни за мали деца – рече Заев.