Премиерот Зоран Заев денеска е повикан да сведочи во Кривичниот суд за незаконското масовно прислушување разговори во УБК во времето кога директор беше Сашо Мијалков.
Заев ќе треба детално да објасни како „бомбите“ стигнале во негови раце и која била улогата на неговиот актуелен советник за безбедност, Зоран Верушевски.
На претходното рочиште сведочеше Верушевски, кој посочи дека екс-премиерот Никола Груевски требало да биде првообвинет во овој предмет.