Вчера околу 17:45 часот на магистралниот пат Битола – Ресен се случи тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби едно лице.
До несреќата дошло кога патничко моторно возило „Митцибуши Пајеро“ со битолски регистарски ознаки управувано од Џ.Ј.(44) од Битола удри во моторцикл „Хонда“ исто така со битолски регистарски ознаки управуван од Б.А.(35) од село, Мојно, битолско.
По незгодата мотоциклистот со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Клиничка болница Битола каде починал. Извршен е увид на местото на настанот.