Вчера во 9.33 часот на ул. „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија трактор „имб“ со велешки регистарски ознаки управуван од Џ.С.(48) од Гевгелија удрил во мопед „томос апн 6“ без регистарски ознаки управуван од З.П.(72) од Скопје.
Од здобиените повреди при незгодата, З.П. починал на лице место, а од доктор од итна медицинска помош била констатирана смрт. Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа на Одделение за внатрешни работи Гевгелија, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција, соопшти полицијата.