На автопатот Скопје–Велес, на околу 900 метри пред тунелот Канара-Велес, патничко моторно возило „хјундаи“ со велешки регистарски ознаки управувано од Б.М.(38) од Велес излетало надвор од коловозот.
Во незгодата возачот починал на местото на настанот.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.