Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето за случувањата во Собранието на 27 април 2017 година. Случајот се наоѓа во завршна фаза и треба да продолжи со изнесување на завршни зборови на одбраната.
На минатото рочиште завршни зборови даваше бранителот на Горанче Ангеловски Ќосето.
По изнесување завршни зборови од адвокатите на сите 17 обвинети во овој случај, можност да дадат завршни зборови ќе имаат и самите обвинети.
Судскиот процес започна во август минатата година и го води Добрила Кацарска, а застапник на обвинението е Вилма Русковска. Процесот започна против 33 обвинети, но согласно Законот за амнестија помилувани беа вкупно 15 лица.
На обвинителна клупа останаа Митко Чавков, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски-Леви, Митко Пешов, Оливер Поповски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Оливер Радулов, Игор Дурловски, Јане Ченто, Игор Југ, Александар Василевски-Нинџа, Никола Митревски-Кољо, Младен Додевски, Горанче Ангеловски, Влатко Трајковски и Вилијам Михајловски, кои се товарат дека сториле кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок.