За денеска се закажани завршните зборови за случајот „Организаторите на 27 април“. Предвидено е завршните зборови прва да ги даде обвинителката Вилма Рускоска, а потоа и одбраната.
Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, поранешните министрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Тие се товарат дека сториле кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.
Случајот го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Рускоска.