Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за општ и насилен криминал, во координација со ОВР Кичево, поднесе кривична пријава проти Ш.Љ. (40) од село Жубрино, поради сомнение за сторено казнено дело убиство на лицето Б.Б. (67) од село Црвивци.

Пријавениот во период од 26 до 28 јули минатата година, насилно влегол во куќата на сега покојниот Б.Б. со цел да одземе пари и злато и да се стекне со противправна имостна корист и со употреба на тврд предмет и со физичка сила го нападнал настраданиот и му нанел тешки повреди од кои тој потоа починал.

З.А.