Надворешната канцеларија за криминалистички работи при полициската станица од Кичево, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Х.Ј.(47) од гостиварското село Ќафа.

Осомничениот казненото дело го извршил на 29 декември минатата година, кога околу 17,30 часот во угостителскиот објект „Гурман“ лоциран на улицата Борис Кидрич во Кичево,со неколку убоди со нож во пределот на градите го усмртил 64 годишниот М.С.сопственик на локалот.Х.Ј. е предаден на распит во Основното јавно обвинителство во Гостивар а потоа ќе биде изведен и пред судија напретходна постапка- информираа од СВР-Охрид.

Инаку Кичево во изминатите четири дена живееше во исчекување кога и дали ќе биде откриен извршителот на убиството на својот сограѓанин.
З.А.