Во скопското село Љубин, вчера околу 19.30 часот, единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го уапсила 39-годишниот Е.А.
Како што информираат од МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени „битмејн“ и графички картички, кои потекнуваат од кривично дело тешка кражба извршена на 14 март годинава на улицата „Петар Драганов“, а биле користени за копање биткоини.
При претесот, исто така, било утврдено дека 39-годишникот врши и кражба на електрична енергија.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе бидат поднесени пријави за тешка кражба и кражба на електрична енергија.