Утрово во скопската полиција бил пријавен трагичен настан што се случил на улицата „Пушкинова“.
Имено, во зграда каде се изведуваат градежни работи, 37-годишник од скопското село Сарај пропаднал во делот каде што се движи лифтот и починал на самото место.
На локацијата извршен бил увид од екипа од СВР Скопје.