Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело узурпација на недвижности и загадување на животната средина и природата, струшката полиција поднесе кривична пријава против Е.К. (42) и В.К. (40), двајцата од струшкото село Велешта.
Пријавените, како сопственици на парцела покрај брегот на Охридското Езеро во Струга, на 3 март годинава ангажирале градежна механизација за насипување и тампонирање на нивното земјиште, но и на површина што е во државна сопственост.
Притоа, узурпирале 1.372 квадратни метри државно земјиште, а со насипување на земја и градежен шут во водите на Охридското Езеро извршиле загадување на водите, уништивање на трската и на езерскиот биодиверзитет.