Во вечерните часови на 26 август во селото Банско биле уапсени А.З.(44), Е.З.(41) и З.Р.(33) поради сомнение за сторено кривично дело разбојништво над 23 мигранти.
Тројцата жители на селото се товарат дека од мигрантите одзеле ранец, 15 мобилни телефони и пари.
Осомничените се задржани во полициската станица Струмица од каде работат на целосно расчистување и документирање на настанот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.