Безживотно женско тело било забележано во водите на реката Пчиња.
Како што информираат од полицијата, телото било пронајдено вчера под мостот во Катланово, во непосредна близина на црквата „Св.Недела“, а го извадиле пожарникари од Скопје.
– Непристапноста и сложениот терен ја отежнуваа работата, но на крајот безживотното тело од реката беше извадено – соопштија од скопската пожарна.
По наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукација.