Седумдесет и двегодишната Р.К. од село Петровец вчера починала во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ како последица на повредите здобиени неколку часа порано од удар од товарно возило „ман“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Ѓ.(42) од село Катланово, Скопско.
Како што соопшти МВР, сообраќајката се случила во 09.45 часот во село Петровец, скопско, кога товарното возило удрило во пешакот Р.К.
-Од ударот Р.К. се здобила со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош била пренесенa во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Околу 12.30 часот таа им подлегнала на повредите- е наведено во дневниот билтен на МВР.
Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.