Во име на ЕУ, Европската комисија денеска испрати сочувство до семејствата и пријателите на жртвите од пожарот што избувна синоќа во болницата во Тетово.
– ЕУ испраќа најдлабоко сочувство до семејствата и пријателите на жртвите од трагичниот пожар што избувна во модуларната болница што лекува пациенти со ковид-19 во Тетово. Сакаме брзо закрепнување за сите повредени – изјави портпаролот на ЕК, Ерик Мамер.
Во пожарот во болницата во Тетово, животот го загубија 14 пациенти од вкупно 26 кои беа на лекување.