Денеска околу 16:10 часот избувнала експлозија во наменската фабрика за производство на муниција „Сувенир“ од Самоков, дознава МИА.
Според првичните неофицијални информации, од СВР Битола потврдуваат дека имало експлозија во фабриката и оти нема ниту повредени, ниту загинати во експлозијата.
Полицијата во моментов прави увид на местото на настанот.