Само среќата ги спаси продавачката во рибарницата и продавачите на
тезгите во Новиот градски пазар во Битола, по експлозијата која се случи во
дуќанот.
Од експлозијата искршени се прозорците и вратата на продавницата, а повредена беше продавачката на риби, на која и беше укажана прва помош. Иако во моментот кога се случи експлозијата во близина на продавницата имало доста купувачи, сепак тие не беа повредени и само среќата ги спаси.
На местото на инцидентот пристигнаа пожарникари, а и истражни органи кои вршат увид на самото место на експлозијата. Засега нема официјални информации за причините за експлозијата во продавницата, кои треба да утврди истрагата. М.М.