Неексплодирано убојно средство пронашол жител во кумановската населба „Карпош“ вчера и случајот го пријавил во Регионалниот центар за управување со кризи, информираат од Центарот.
За случајот биле информирани стручни екипи од СВР Куманово и од Дирекцијата за заштита и спасување Куманово. Пиротехничарите на Дирекцијата го отстраниле средството кое сега е сместено во магацин за таа намена.
Регионалниот Центар за управување со кризи информира дека деновиве се пронајдени и неексплодирани убојни средства во Крива Паланка, кои исто така се обезбедени и сместени во магацин. Средствата ќе бидат уништени на соодветна локација.