Непознати лица синоќа пукале кон Б.М. додека се движел со автомобил во скопската населба Бардовци, каде што живее. Кон него, според информациите, било пукано со автоматска пушка. Полицијата привела 23-годишно лице во врска со настанот.
– Ноќеска околу полноќ примена е пријава дека на влез во село Бардовци било пукано кон Б.М. (40), кој се движел со возило „мерцедес”. Б.М. е пренесен во болница за укажување помош. Во врска со настанот приведен е С.Е. (23). Се преземаат мерки за расчистување на случајот – велат од МВР.