Едно лице почина, а едно е повредено во пожарот што избувна во деловен објект во близина на Рамстор центарот во Скопје, на улицата „Јордан Мијалков“.
Од Територијалната противпожарна бригада на Скопје иако интервенирале со осум возила, сепак не успеале да го спасот човекот кој што бил заглавен во деловниот простор.
Повреденото лице е во стабилна состојба, по укажаната помош на Брзата помош било пуштено дома.
Пожарот на улицата Јордан Мијалков избувна околу 12 часот
Во моментот се чека на местото на настанoт да дојде увидна екипа. Според привичните информации починатото лице било во продавницата за мопеди каде што избувна пожарот.