Во сообраќајката која попладнево се случила на патот кон Стража едно лице починало на местото на несреќата, а седуммина повредени се пренесени во болницата во Гостивар, соопшти МВР. Во прекин е сообраќајот во двете насоки.
„Денеска околу 15 часот и 30 минути во СВР Тетово е пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на новоселските гробишта, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале три моторни возила: џип ’мерцедес’, патничко возило ’бмв’ и камионет. Едно лице од камионетот починало на местото на несреќата, а седум лица, првично, се пренесени во гостиварската Општа болница ’Ферид Мурад’ за укажување лекарска помош“, велат од МВР.
Сообраќајот се уше е во прекин оти јавен обвинител и екипа од ОВР Гостивар вршат увид. На местото на несреќата веќе се формирани долги колоно возила во двата правци.