Во охридската полиција вчера нешто по 18 часот било пријавено дека на магистралниот пат Охрид – Кичево, во близина на селото Врбјани, се случила сообраќајна незгода со трагични последици.
Како што информираат од МВР, судирот се случил помеѓу автомобил „фолксваген голф“, со струшки регистарски ознаки, управуван од Г.Р.(61) од струшкото село Долна Белица и автомобил „тојота корола“, со охридска регистрација, управуван од Б.Б.(64) од Охрид.
На местото на незгодата починал стружанецот, а смрт констатирал лекар од итната медицинска помош.
Со тешки повреди се здобиле Б.Б. и неговот сопатник С.Б.(62) од Охрид, како и малолетен сопатник во „голфот“, а со повреди се здобила и малолетна сопатничка во патничкото возило „голф“, кои биле констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.
Екипа од охридската полиција извршила увид на местото на незгодата.