Приведен е 29-годишен велешанец, кој престојувал во Скопје, во чиј дом полицијата извршила претрес и пронашла дрога и поголема количина халуциногени средства.
– Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје при МВР во кооординација со СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога го лиши од слобода М. С. (29) од Велес, со престојувалиште во Скопје. При претрес во домот, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, масло од хашиш, поголема количина халуциногени средства и пари од продажба на дрога – се наведува во соопштението.
М. С. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 215 од Кривичниот законик – „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.