На Граничниот премин „Богородица“ за влез во земјава било пријавено патничко возило со португалски регистарски ознаки, управувано од К.С.(38) од Непал.
Полицијата соопшти дека при преглед во возилото биле пронајдени двајца непалски државјани.
-Поради постоење основи на сомнение дека е сторител на кривично дело „криумчарење на мигранти“ К.С. бил приведен и задржан во Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка, а мигрантите биле спроведени во Транзитен центар Гевгелија- велат од МВР.