Судењето за „Рекет“ треба да продолжи денеска со презентирање на снимките од сведокот Орце Камчев, откако на минатото рочиште беа прикажани докази од вештачењето на телефонот на обвинетиот Бојан Јовановски.
На минатото рочиште Јовановски се жалеше оти не може да го следи судењето поради здравствени проблеми, но процесот продолжи откако лекарска екипа утврди дека нема пречки кои го оневозможуваат Јовановски да биде во судницата.