Синоќешниот дожд го стави под контрола пожарот на планината Готен, кај селото Нивичино во Струмичко и не се дозволува негово ширење, според градоначалникот на Општина Василево Марјан Јанев.
Тој информираше дека денеска продолжува координираната акција на институциите и месното население за справување со пожарот, при што на теренот има изгорени дрвја кои уште тлеат и ќе биде потребно време за да бидат изгаснати. Пожарот зафати букова, дабова и габерова шума, како и лисната маса. Гаснењето е отежнато поради непристапноста на теренот.