Полицијата во ДНК- базата на податоци може да стави примероци од ДНК од разни сторители

Полицијата во базата на податоци може да стави примероци од ДНК од разни сторители, исчезнати личности и неидентификувани човечки останки и податоците за истите тие да ги добие за неколку минути. Ваквата постапка ѝ помогнала на полицијата да открие и да реши голем број криминални случаи

ИНТЕРПОЛ ИМА ДУРИ 242 ИЛЈАДИ ДНК-ПРОФИЛИ

Дезоксирибонуклеинската киселина, попозната како ДНК, содржи информации за сите живи клетки во човечкото тело да можат да функционираат. ДНК на сите човечки суштества на планетата земја е различна, освен кај близнаците, и таа во полициските истраги игра огромна улога во расчистувањето на криминалните случаи, но и во ослободувањето на невините лица. Истражителите најчесто користат примероци земени од местата каде што е направено криминалното дело, најчесто од крв, влакно или, пак, телесни течности, кои потоа се носат во лабораторија и се анализираат, давајќи ДНК-профил што може да биде спореден со базата на податоци.
Анализирањето на ДНК, исто така, може да се користи за да се откријат идентитетите на жртвите при одредени природни катастрофи, па дури и да се лоцираат исчезнати лица.
Интерпол ја формира својата ДНК-база на податоци во 2002 година и истата таа содржи повеќе од 242 илјади профили, во чие собирање учествувале 85 земји-членки.
– Нашата база на податоци може да открие совпаѓање на ДНК за само неколку минути и интернационално да реши поврзаност со потенцијално силување, убиство или, пак, оружен грабеж – информираат од Интерпол.

Полицијата во ДНК-базата на податоци може да стави примероци од ДНК од разни сторители, исчезнати личности и неидентификувани човечки останки и податоците за истите тие да ги добие за неколку минути. Ваквата постапка ѝ помогнала на полицијата да открие и да реши голем број криминални случаи, како што се силување, убиство или, пак, оружен грабеж.

БАРАЊЕ ИСЧЕЗНАТИ ЛИЦА

Потрагата по исчезнати лица по кои се трага долг временски период, а не се пронајдени во земјата од која потекнуваат, во некои случаи може да не биде доволна. Понекогаш се потребни податоците од Интерпол за да се пронајдат исчезнатите. Доколку е пронајдено тело, Интерпол ја користи неговата ДНК за да го идентификува.
– Ја споредуваме земената ДНК со ДНК од исчезнатите лица за да видиме дали се совпаѓаат. ДНК од исчезнати лица е земена од нивните лични предмети, а најчесто од четките за заби или четките за коса. Во случај кога не може да се земе ДНК, примероци може да се земат од членовите на семејството за да се идентификува личноста – велат од Интерпол.

РЕШАВАЊЕ ЗЛОСТОРСТВА КОН ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Анализирањето на ДНК првпат било употребено во полициска истрага во средината на 1980 година и оттогаш тоа постојано се применува, па и во решавањето криминални дела насочени кон животната средина.
Примероци од ДНК се земаат од дрва, иверки и други дрвени предмети, кои потоа се анализираат за да се идентификуваат нивното оригинално потекло и географскиот регион, како и потенцијално да се откријат криминални мрежи што стојат зад шверцување слонови и носорози.
ДНК се зема и од украсни и декоративни дрва, чие шверцување носи голема милионска заработка. Преку анализа се доаѓа до сторителите на таквото криминалното дело.
Совпаѓањето на ДНК во базата на податоци најчесто се добива доколку некоја од државите-членки веќе го поставила примерокот од ДНК во базата. Доколку нема совпаѓање, земјата-членка го остава примерокот во базата на податоци за да биде достапен за идни истраги на полициите.

[email protected]