фото илустрација

Едногодишно дете од Куманово паднало од балкон, по што е пренесено во кумановскиот здравствен дом, а оттаму на клиниките во Скопје.

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера во 15.55 часот во СВР Куманово, од Итната медицинска помош било пријавено дека на улицата Егејска Македонија дошло до несреќен случај во кој 13-месечно бебе паднало од балкон.

Детето било пренесено во Јавната здравствена установа Куманово и по укажаната помош било пренесено во Детска клиника при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.