На хируршкото одделение во Клиничкиот центар во Штип синоќа е донесена млада девојка од Пехчево со прострелната рана од огнено оружје. Лекарите се бореле неколку часа за да го запрат крварењето.
Според информациите од хируршкото одделение во Штип состојбата на младата пехчевка не е животно загрозувачка.
Се уште нема официјална потврда дали девојката била застрелана или се работи за самоповреда. Она што е утврдено е дека прострелната рана е резултат на повреда од огнено оружје.
Од СВР Штип наскоро најавуваат подетални информации за случајот.