Санкционирани се 10 возачи за пречекорување на дозволената брзина, исклучени се од сообраќај осум возачи, осум пред да се стекнат со право на управување на моторни возила и еден возач почетник.
Исклучени се од сообраќај и 12 возачи, пет технички неисправни и седум нерегистрирани.
Сообраќајната полиција изрекла мерки за непрописно паркирање за 74 возила, а пајакот подигнал 73.
Изречени се санкции за двајца возачи за поминување на црвено светло, по еден за неправилно престигнување и престројување.
Одделението за превенција при СВР Скопје денеска ќе реализира едукативни работилници во ООУ „Вера Циривири Трена“ во општина Карпош, со ученици од второ и четврто одделение, во рамки на сообраќајно воспитниот проект „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“.