Дебранец се спротивставил на полициските службеници, не им дозволил да извршат алкотестирање и им упатувал навреди и закани.
-Станува збор за К.К.(21) жител на Дебар. При рутинска контрола полициски службеници го запреле патничкото возило „Фолксваген Фаетон“ кое го управувал. На барање да биде извршено алкотестрање, се спротивставил и не им дозволил на полицајците, упатувајќи им навреди и закани – изјави портпаролот на Секторот за внатрешн работи – Охрид, Стефан Димоски.
Според него, настанот се случил на 21 овој месец на улицата „Амди Леши“ во пет часот наутро.
К.К. е приведен во Полициската станица од општа надлежност во Дебар, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.