Од Клиниката за токсикологија вчера пријавиле дека кај нив биле донесени две четиринаесетгодишни ученички од основно училиште во Скопје.
МВР соопшти дека по преземени мерки, било утврдено дека во селото Дељадровци, скопско, за време на училишна екскурзија, двете ученички се однесувале агресивно и почнале да губат свест по што била повикана итна медицинска помош.
Притоа тие изјавиле дека зеле таблети, најверојатно екстази, кои ги криеле во облеката. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.