Двајца пешаци вчера биле повредени во Прилеп откако во нив удвомобил автомобил.

Несреќата се случила околу 19.30 часот на улица „Борис Кидрич“ и улица „Крушевска“ во Прилеп, кога З.М. (54) од Прилеп управувајќи патничко моторно возило „тојота авенсис“ со бугарски национални ознаки удрил во пешаците Д.К.(75) и С.К.(72) двајцата од Прилеп.

Во незгодата С.К. се здобила со тешки телесни повреди по што пренесена е во Општа болница Прилеп. Извршен е увид на местото на настанот.

K.M.