Две деца на возраст од 14 и 15 години загинаа попладнево управувајќи трактор во општина Босилово, Струмичко.
Тие со возилото излетале од мост и паднале во реката Струмица, по што починале на самото место.
Едното дете е од селото Пиперово, а другото од селото Добрејци. Несреќата се случила на патот меѓу двете села.
На увид е излезен и јавен обвинител заедно со полицијата. Се утврдуваат причините за несреќата.