Тетовската полиција поднесе кривична пријава против А.А.(45) и М.А.(48), двајцата од тетовското село Порој, поради сомнение за сторени кривични дела узурпација на недвижности и бесправно градење.
Како што информираат од МВР, пријавените, во својство на инвеститори, во Порој во текот на минатата година извршиле узурпација на државно земјиште со површина од 2.343 квадратни метри, на кое бесправно изградиле четири деловни објекти без да поседуваат соодветна документација.