Во селото Пласница дошло до физичка пресметка помеѓу двајца татковци и нивните синови, сите од Пласница.
Како што соопштија од МВР вчера во 23.20 часот телефонски било пријавено дека во с.Пласница- пред угостителски објект сопственост на М.С од с.Пласница дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу лицата Н.Н и неговиот син Е.Н (30) од с.Пласница од една страна и лицата М.С(51) од с.Пласница и неговите синови М.С(23) и А.С(19) од друга страна.
Во пресметката биле употребени и различни предмети. По расчистување на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.