На регионалниот пат Кичево –Македонски Брод, на влезот во село Лисичани, синоќа се случи сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило марка „Опел“ управувано од С.С.(28 )од Кичево и трактор марка „Инернационал“ без регистарски ознаки, управуван од Ј.М.(62) од село Лисичани.

При оваа незгода со тешки телени повреди се здобил возачот на тракторот Ј.М., додека со телесни повреди се здобил возаот на опелот С.С..

Повредите кај двајцата учесници во оваа незгода биле констатирани во кичевската Општа болница. На местото на несреќата излегла увидна екипа на О.В.Р.Кичево.

Причините за несреќата и висината на мартеријалната штета допрва ќе се утврдуваат, информираа од СВР Охрид.
З.А.