Синоќа во 21:05 часот во СВР Скопје, Д.И.(37) од Скопје пријавил дека околу 21 часот пред угостителски објект на крстосница од улицата Симеон Кавракиров и улицата Фрањо Клуз, неговиот 15-годишен син и уште еден 14-годишник, поради претходно недоразбирање, биле физички нападнати од Д.П.(35) од Скопје.
Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, соопшти полицијата.