Двајца повозрасни туристи од Македонија се удавиле во Спиле, Албанија, објави албанската телевизија „А2 СНН“.
Станува збор за лица на возраст од 78 и 79 години, како што пренесува албанската телевизија „Топ ченл“, повикувајќи се на свои извори. Телевизијата додаде дека тие дошле на албанското крајбрежје во група од 52 туристи.
Според првичните информации, високите бранови биле причина за несреќата.
Инцидентот се случил околу 11.25 часот, додека истражниот тим работи на расветлување на околностите на настанот.